ИЦС Системи утре ќе го презентира новото улично осветлување во Охрид

Компанијата ИЦС Системи од Чешка утре во хотелот „Милениум Палас“ во Охрид ќе го презентира новото улично осветлување во градот Охрид.

ИЦС Системи

На настанот е предвидено да се обратат менаџери од компанијата од Чешка, Амбасадорот на Чешка Република во Македонија и градоначалникот на Охрид Никола Бакрачески.

ИЦС Системи во осветлувањето во Охрид инвестира над 3 милиони и 500 илјади евра. Заштедите во потрошената електрична енергија изнесуваат над 50.000 евра месечно, а фирмата планира нови инвестиции во Македонија.

Набавката на потрошен материјал фирмата ќе ја врши од македонски компании што е дополнителен стимул за стопанството во земјава.

ОХРИД 24

Facebooktwittergoogle_pluslinkedinmail

© Ohrid24.mk. Сите права се задржани.
Текстот не смее да се презема, во целина или во делови без договор со Ohrid24.mk