Самоволие: На недовршена патека, некои сопственици на пловни објекти си „маркирале“ место

На потег се инвеститорот на патеката Општина Охрид, како и изведувачот, градежната компанија „Бифора инижнеринг“ кои треба да реагираат на ваквото самоволие на сопствениците кои без претходно одобрение и дозвола од општината на своја рака си обезбедиле паркинг за нивниот пловен објект.

Уште недозавршена новата патека кај каналот Студенчишта, а дел од сопствениците на пловни објекти веќе си резервирале место за паркинг на нивните пловни објекти.

самоволие 1

Некои од нив местата ги одбележале на сопствена иницијатива, а има и такви кои си испечатиле и регистарски таблици и телефонски број, па дури и предупредување за „забранет паркинг“ на „нивната локација“.

самоволие 2

На потег се инвеститорот на патеката Општина Охрид, како и изведувачот, градежната компанија „Бифора инижнеринг“ кои треба да реагираат на ваквото самоволие на сопствениците кои без претходно одобрение и дозвола од општината на своја рака си обезбедиле паркинг за нивниот пловен објект.

ОХРИД 24

Facebooktwittergoogle_pluslinkedinmail

© Ohrid24.mk. Сите права се задржани.
Текстот не смее да се презема, во целина или во делови без договор со Ohrid24.mk