Пенс: Ќе ги подобриме односите со Русија доколку таа кардинално ја промени својата политика

Американскиот заменик-претседател се наоѓа во посета на Естонија, од каде што ќе замине во Грузија, а потоа и во Црна Гора.

Претседателот Трамп јасно рече дека Америка е подготвена на подобрување на односите со Русија. Меѓутоа, Конгресот и претседателот го делат ставот дека за подобрување на односите и укинување на санкциите Русија треба кардинално да ги промени одлуките поради кои дојде до воведување на мерките, изјави американскиот потпретседател Мајк Пенс во Талин.

Мајк Пенс

Според него, политиката на Вашингтон во однос на Русија се сведува на воспоставување конструктивни односи за реализација на обостраните интереси.

„Од Русија исто така пристигнуваа пораки дека сака нормализација на односите со САД. За жал, минатата недела Русија презеде одлучувачки чекор кога е во прашање смалувањето на бројот на американските дипломати во оваа земја“, додаде Пенс.

Американскиот заменик-претседател се наоѓа во посета на Естонија, од каде што ќе замине во Грузија, а потоа и во Црна Гора.

ОХРИД 24

Facebooktwittergoogle_pluslinkedinmail

© Ohrid24.mk. Сите права се задржани.
Текстот не смее да се презема, во целина или во делови без договор со Ohrid24.mk