Груевски најави нови инвестиции и вработувања

Во врска со најавениот проект „Македонија вработува 2“, Груевски прецизираше дека со него ќе бдиат опфатени пет категории невработени лица, од кои првата категорија ќе се однесува на невработени млади до 35 години при што работодавачот ќе биде ослободен од плаќање на придонеси и персонален данок во рок од три години за лицата кои ќе ги вработи.

Северонамериканска компанија донесе интерна одлука за инвестирање во Македонија и притоа ќе вработи најмалку 200 луѓе, изјави претседателот на владејачката ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, и најави дека проектот „Македонија вработува“ започнат кога ја извршуваше премиерската должност ќе продолжи да се реализира и веќе следната седмица владата предводена од неговата партија ќе предложи реализација на проектот „Македонија вработува 2“.

Груевски

Компанија од северно-американскиот континент, која ја најавил министерот за Виктор Мизо, донела интерна одлука да инвестира во Македонија во отворање на кол центар во којшто ќе вработи најмалку 200 лица во првиот период, а подоцна таа бројка ќе расте, најави Груевски за Дневникот на ТВ Сител.

„Тоа ќе значи решавање на проблемот на 200 семејства во Македонија, 200 семејства коишто немаат вработување и коишто се фрустрирани, коишто се несреќни ќе добијат вработување, ќе добијат сигурни приходи, посигурна иднина, ќе добијат смирување, зошто секој од тие семејства имаат немир во душата и неизвесност за натаму. Намалувањето, или завршувањето на оваа криза ќе значи уште подинамично носење на инвеститори“, порача Груевски.

Во врска со најавениот проект „Македонија вработува 2“, Груевски прецизираше дека со него ќе бдиат опфатени пет категории невработени лица, од кои првата категорија ќе се однесува на невработени млади до 35 години при што работодавачот ќе биде ослободен од плаќање на придонеси и персонален данок во рок од три години за лицата кои ќе ги вработи.

Втората категорија, долгорочно невработени лица од 35 до 50 години при што работодавачот ќе биде ослободен од плаќање придонеси во рок од пет години за лицето кое ќе го вработи. Третата категорија се невработени лица над 50 години при што работодавачот ќе биде ослободен од плаќање придонеси за години односно 60 месеци.

Четвртата категорија се невработени лица над 58 години, категорија на лица која многу тешко наоѓа работа на пазарот на труд, за нивното вработување работодавачот ќе биде ослободен од плаќање на придонеси до остварување на правото на старосна пензија на вработениот.

Петата категорија, невработени лица со социјален ризик (лица со инвалидност, родители на деца со пречки во развојот, самохрани родители,родител во еднородителски семејства, родители на три и повеќе деца, како и поранешни професионални војници) при што работодавачот ќе биде ослободен од плаќање на придонеси во времетраење од пет години, односно 60 месеци.

ОХРИД 24

Facebooktwittergoogle_pluslinkedinmail

© Ohrid24.mk. Сите права се задржани.
Текстот не смее да се презема, во целина или во делови без договор со Ohrid24.mk