Кирил Пецаков нов претседател на ВМРО-ДПМНЕ во Охрид

Пецаков беше претседател на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ О.К.Охрид и член на Извршниот комитет на УМС ВМРО-ДПМНЕ, како и член на ОК ВМРО-ДПМНЕ Охрид во периодот од 2008 до 2011 година, а од 2009 до 2013 беше советник во Општина Охрид од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.

Нов претседател на ВМРО-ДПМНЕ во Охрид е д-р Кирил Пецаков. Тој е избран на вчерашниот состанок на ИК на партијата, а доаѓа на позицијата на д-р Љубен Арнаудов кој партијата ја водеше за време на минатиот изборен циклус.

Кирил Пецаков

32 годишниот Пецаков е истакнат член на ВМРО-ДПМНЕ. Пецаков беше претседател на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ О.К.Охрид и член на Извршниот комитет на УМС ВМРО-ДПМНЕ, како и член на ОК ВМРО-ДПМНЕ Охрид во периодот од 2008 до 2011 година, а од 2009 до 2013 беше советник во Општина Охрид од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.

Пецаков важи за еден од најуспешните преседатели на Унијата на млади сили, на ВМРО-ДПМНЕ О.К. Охрид.

Покрај политиката, д-р Кирил Пецаков е вработен како стоматолог во Здравствен дом Охрид, а подолг временски период активно играше ракомет и беше капитен на РК Охрид. Тој е оженет и е татко на едно дете.

ОХРИД 24

Facebooktwittergoogle_pluslinkedinmail

© Ohrid24.mk. Сите права се задржани.
Текстот не смее да се презема, во целина или во делови без договор со Ohrid24.mk