Пецаков: Продолжуваме посветено и неуморно како и досега

Чувствувам голема одговорност, но и силна мотивираност бидејќи со добиената доверба за носител на советничката листа голема е честа да ги реализирам своите идеи за доброто на партијата, граѓаните на Охрид. Довербата е поттик и можност заеднички да работиме потпирајќи се на принципите на чесност, посветеност и одговорност. Советничката листа е тим советници докажани во својата фела, полни со знаење, ентузијазам и со вистинска љубов кон Охрид и охриѓани, истакна на денешниот завршен прес д-р Кирил Пецаков, носител на советничката листа на ВМРО-ДПМНЕ за градскиот совет.

Тој им се заблагодари на сите оние кои, како што рече, ја препознавате нивната коректност, нештедливост, решителност, ангажираност во остварување на програмите и целите за Охрид и охриѓани.

„Бевме со народот и меѓу народот. Пружаме рака на секој граѓанин. Сите сме една целост, едно заедништво, една душа. Секое катче, секоја улица, секој праг е Охрид. Отваривме непосредни средби со сите граѓани. Водевме исклучително позитивна, слободна, фер и достоинствена кампања. Токму затоа граѓаните можат да бидат сигурни дека новите проекти што ги нудиме со новата изборна програма, ќе се реализираат во периодот од наредните четири години. Продолжуваме посветено и неуморно како и досега, продолжуваме да работиме за подобар живот за сите граѓани на Охрид. Тие што вистински го сакаат својот град, работат за него, го сакаат со дела“, рече Пецаков.

Тој ги повика сите граѓани од секој дел на градот: Македонци, Турци, Срби, Бошњаци, Албанци, Роми, Египќани, Власи и сите останати кои сакаат да бидат дел од прогресивните идеи, да пристапат кон нивниот тим и заедно да дејствуваат во насока на подобрување и унапредување на општественото живеење во Охрид.

„Новиот совет со нашето мнозинство ќе работи во полза на граѓаните, чесно, одговорно, исполнително и професионално за што ќе дава отчет. Искрени, природни и добронамерни со граѓаните. Ве повикувам да излеземе масовно на гласање, недела на 15 октомври и да ја оствариме долгоочекуваната сигурна победа уште во првиот круг! Да продолжиме да чекориме по патот на успехот, тоа е влогот на нашата генерација што мора да го исполниме со мудрост, со чесност и со работа“, порача Пецаков.

Тјо рече дека ќе работат, ќе успеат и ќе победат, со кренати глави кон иднината, со сила и чест, борба и стремеж.

„Главата горе горди охриѓани, ова е вашиот и нашиот град. Вие одлучувате! Охрид мора да продолжи да го задржи својот сјај. Охриѓани знаете што е вашата цел, знаете каде одите и во што верувате. Јас сум убеден и знам дека не сакате да бидете заглавени во нечиј лавиринт на безидејност и наметнати проблеми. Заедно пак по вистинскиот пат дојдете сите по нас! Наш сон, наша надеж – наша иднина“, рече Пецаков.

Тој упати повик до граѓаните на Охрид да дадат поддршка, да го заокружат бројот 13 за напредок и прогрес, за д-р Митко Тилевски и за советничката листа на ВМРО-ДПМНЕ и на тој начин да докажат дека се за продолжување на напредокот, принципите и вредностите и Охрид кој ќе продолжи кон посветла и посреќна иднина.

ОХРИД 24

Facebooktwittergoogle_pluslinkedinmail

© Ohrid24.mk. Сите права се задржани.
Текстот не смее да се презема, во целина или во делови без договор со Ohrid24.mk