Трамп е првиот претседател на САД по 150 години, којшто нема милениче

Трамп е највозрасниот врховен командант на Армијата на САД, најбогатиот претседател и првиот без какво било воено искуство или функција во Администрацијата.

Американскиот претседател Доналд Трамп прекрши традиција стара 150 години, со тоа што е првиот претседател по толку време без домашно милениче во Белата куќа.

Доналд Трамп

Последниот претседател без свој љубимец беше Ендру Џонсон, кој од таа должност замина во 1869. како еден од двајцата претседатели на САД против кои беше покренато отповикување.

Белата куќа била дом на над 300 домашни миленичиња, односно кучиња, коњи, птици, па и по некој тигар, мечка, алигатор… Рекордер во таа смисла е Теодор Рузвелт, којшто чувал 50 животни, меѓу коишто и јазовец, утка, едноног петел и хиената Била.

Претседателите од Демократската партија во просек имале по шест животинчиња, а републиканците по девет.

Трамп е највозрасниот врховен командант на Армијата на САД, најбогатиот претседател и првиот без какво било воено искуство или функција во Администрацијата. Тој ги прекрши традициите во повеќе категории, па така и во таа со домашниите миленичиња.

Тој исто така е еден од двајцата американски претседатели кои изборите ги добиле со помалку од 50 oтсто од гласовите.

ОХРИД 24

Facebooktwittergoogle_pluslinkedinmail

© Ohrid24.mk. Сите права се задржани.
Текстот не смее да се презема, во целина или во делови без договор со Ohrid24.mk