ОХРИД 24 фото на денот (19 јуни)

И вака се слави матура – на 2.255 метри надморска височина. 

планинарење 2

Охридскиот радио водител и шоумен Жанко З’ш Голабоски прослави 30 години од матурирањето со искачување на највисоката точка на планината Галичица – врвот Магаро.

Искачувањето на Магаро беше во склоп на маратонот „Движи се – да не заборавиш да одиш“, во кој Жанко заедно со искусниот планинар Мишко Танески ја минаа патеката долга 50 километри (Охрид – Велестово – Черешнана – Студино – врв Бугарска чука – врв Лакоси гној, па спуст до превојот Галичица и искачување на врвот „Магаро“).

ОХРИД 24

Facebooktwittergoogle_pluslinkedinmail

© Ohrid24.mk. Сите права се задржани.
Текстот не смее да се презема, во целина или во делови без договор со Ohrid24.mk