16 години Рамковна Македонија

На 13 август 2001 година во претседателската резиденција на Водно во Скопје Рамковниот договор го потпишаа Борис Трајковски, тогашен претседател на Република Македонија, Љубчо Георгиевски, тогашен претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Бранко Црвенковски тогашен претседател на СДСМ, Имер Имери, тогашен претседател на ПДП и Арбен Џафери, тогашен претседател на ДПА.

Денеска се одбележуваат шеснаесет години од потпишувањето на Охридскиот Рамковен договор.

рамковен

Договорот за внатрешното уредување на малцинските права во Република Македонија е потпишан на 13 август 2001 година помеѓу претставниците на тогашните најголеми политички партии и специјални претставници на ЕУ и на САД.

Охридскиот договор е склучен во текот на ескалацијата на насилства помеѓу етнички албанската ОНА и македонските вооружени сили во конфликтот од 2001.

Преговорите, почнаа во Скопје, а потоа продолжија во Охрид, каде завршија со парафирање на документот на 10 август. Три дена подоцна на 13 август 2001 година во претседателската резиденција на Водно во Скопје Рамковниот договор го потпишаа Борис Трајковски, тогашен претседател на Република Македонија, Љубчо Георгиевски, тогашен претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Бранко Црвенковски тогашен претседател на СДСМ, Имер Имери, тогашен претседател на ПДП и Арбен Џафери, тогашен претседател на ДПА.

Како гаранти на договорот од меѓународната заедница, потписници на договорот се и специјалните претставници Франсоа Леотар, претставник на ЕУ и Џејмс Пердју, претставник на САД.

По повод 16-годишнината од потпишувањето на договорот, под покровителство на заменик претседателот на Владата на Република Македонија задолжен за спроведување на Рамковниот договор и политички систем Хазби Лика и претседателот на Собранието на Република Македонија Талат Џафери вечер во Скопје ќе се одржи свеченост.

Во рамките на одбележувањето на 16-годишнината ќе биде промовирана книгата „Охридскиот договор“ на професорот Милаим Фетаи.

ОХРИД 24

Facebooktwittergoogle_pluslinkedinmail

© Ohrid24.mk. Сите права се задржани.
Текстот не смее да се презема, во целина или во делови без договор со Ohrid24.mk