Испитот за TOEFL ќе може да се подготвува во Црвен крст Охрид

TOEFL (Test of English as a Foreign Language) е најраспространет и светски прифатен тест за проверка на знаењата за англискиот јазик.

Во рамки на своите едукативни програми и позитивните искуства Црвен крст Охрид започнува нов циклус на подготовка на кандидати за полагање на TOEFL (Test of English as a Foreign Language) која во вид на часови ќе започне на 29 септември 2016 година, а ќе ја спроведува тим на професори по англиски јазик, предводен од Александер Џоунс, волонтер на Мировен корпус Македонија кој работи во организацијата на Црвениот крст Охрид.

%d1%82%d0%be%d0%b5%d1%84%d0%bb

TOEFL (Test of English as a Foreign Language) е најраспространет и светски прифатен тест за проверка на знаењата за англискиот јазик. 9. 000 универзитети, колеџи, агенции го признаваат тестот и тоа во 130 земји ширум светот вклучувајќи ја и Македонија. TOEFL е тест кој исто така се користи за докажување на познавањето на англискиот јазик за државната администрација во Македонија.

Повеќе детали околу подготвителната настава можат да се добијат во просториите на Црвен крст Охрид или на тел. 046 262-706 и 070 315 309.

ОХРИД 24

Facebooktwittergoogle_pluslinkedinmail

© Ohrid24.mk. Сите права се задржани.
Текстот не смее да се презема, во целина или во делови без договор со Ohrid24.mk