„Спутник“: Македонија дел од НАТО, со променето име?

„Вашингтон го повикува Скопје да направи отстапки и според сѐ, таму (во Скопје) подготвени се на такво нешто“, изјавил изворот.

НАТО планира до пролетта 2018 година да ја прими Македонија како полноправна членка, тврди агенцијата Спутник, повикувајќи се на сопствени извори во Алијансата.

b040804a 8 April 2004 2nd Meeting of the Military Committee in Permanent Session in 2004 Overview view of the meeting in session.

„Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, планира до средината на јули да го посети Скопје и да разговара со тамошните власти. Целта е до пролета следната година оваа земја да биде примена во Северноатлантскиот пакт“ – изјавил неименуваниот соговорник на Спутник.

Според истиот извор, САД активно работат на истата задача.

„Вчера американскиот амбасадор во Скопје се сретна со министерот за одбрана на Македонија и разговараа на истата тема. Вашингтон го повикува Скопје да направи отстапки и според се, таму (во Скопје) подготвени се на такво нешто“, изјавил изворот.

Премиерот Зоран Заев веќе најави дека новата влада ќе направи сè што може за да се забрза интеграцијата во ЕУ и НАТО и порача дека е прифатливо во воениот сојуз да бидеме примени под привременото име.

Грција од своја страна инсистира дека единствен начин за придвижување на интеграциите е Македонија да прифати име со географска одредница за севкупна употреба.

ОХРИД 24

Facebooktwittergoogle_pluslinkedinmail

© Ohrid24.mk. Сите права се задржани.
Текстот не смее да се презема, во целина или во делови без договор со Ohrid24.mk