Седници на две собраниски комисии

Во Собранието на Република Македонија денеска седници ќе одржат Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците и Комисијата за прашања на изборите и именувањата.

Собрание

На дневен ред на седницата на Комисијата за прашања на изборите и именувањата е утврдувањето на Предлог – одлуката за изменување на Одлуката за избор на претседател, заменик на претседателот, членови и нивни заменици на оваа Комисија.

Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците на денешната седница ќе разгледа годишните извештаи на неколку институции.

На дневен ред се Годишниот извештај за работата на Државниот совет за превенција на детско престапништво и за состојбите во областа на правата на детето и детското престапништво во 2015 година, Извештајот за работата на Агенцијата за администрација за 2016 година, Годишниот извештај за работата на Државната комисија за одлучување во втор степен во областа на инспекцискиот надзор и прекршочната постапка во 2016 година, Годишниот извештај за работата на Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен во 2016 година, Годишниот извештај за работата на Дирекцијата за заштита на личните податоци за 2016 година, Годишниот извештај на Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер од 1 јануари до 31 декември 2016 година, Годишниот извештај за работата на Државната комисија за спречување на корупцијата во 2016 година, Годишниот извештај за работата на Комисијата за воедначување на казнената политика во 2016 година и Извештајот за работата на Судскиот буџетски совет и реализацијата на Судскиот буџет за 2016 година.

ОХРИД 24

Facebooktwittergoogle_pluslinkedinmail

© Ohrid24.mk. Сите права се задржани.
Текстот не смее да се презема, во целина или во делови без договор со Ohrid24.mk