Германецот Стуџински најбрз на Охридскиот пливачки маратон

Стуџински заврши со време од 5:15,145 часа зад себе оставајќи го нашиот пливач пливач Евгениј Поп Ацев. 

Германскиот пливач Александар Стуџински беше најбрзиот кој стигна на целта на 31 издание на Охридскиот пливачки маратон.

31 мартон 1

Стуџински заврши со време од 5:15,145 часа зад себе оставајќи го нашиот пливач пливач Евгениј Поп Ацев.

Поп Ацев со одлична завршница исплива до второто место со само една секунда задоцнување (5:15:15) и во финишот остави неколку ривали зад себе. Трет на годинешниот Охридски маратон беше Аргентинецот Гилјермо Бертола со време од 5:15:16 часа.

31 маратон 2

Најдобра во женска конкуренција е италијанската маратонка Барбара Позобон, со извонредно остварено време од 5:15:51 часа.

31 маратон 4

Евгениј Поп-Ацев со денешното второ место обезбедува 11 бода, така што со веќе освоените 25 на двете претходни трки во Аргентина и Канада има вкупно 36. Со тоа тој е најдобар во генерален пласман на Гран-при серијата маратонски трки на ФИНА пред завршната последна трка Капри-Неапол што е на распоредот на 3 септември.

31 маратон 3

Годинешниот награден фонд за 31 издание на маратон изнесуваше 10.000 долари, а оваа наша најстара пливачка манифестација беше под покровителство на Претседателот на Македонија, Ѓорѓе Иванов, а главен организиратор беше Општината Охрид во соработка со Пливачката федерација на Македонија, Агенцијата за спорт и млади и Сојузот на спортови од Охрид.

ОХРИД 24

Facebooktwittergoogle_pluslinkedinmail

© Ohrid24.mk. Сите права се задржани.
Текстот не смее да се презема, во целина или во делови без договор со Ohrid24.mk