Груевски: Народот го поддржа ВМРО, но некој вештачки насади друга влада

По последните парламентарни избори, истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, вештачки била насадена ова влада, која, според него, треба да го одработи тоа што тие не прифатиле.

На 10 изборни циклуси по ред, мнозинство од народот му ја дава поддршката на ВМРО-ДПМНЕ, изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, на собирот во Музејот на ВМРО по повод прославата на 27-миот роденден на партијата.

Груевски

„Идеологијата на ВМРО е како арматура која што н држи да нѐ паднеме под удари од внатре и надвор. На 10 избори по ред народот проценува дека иделогијата, целите, тимот на ВМРО се најисправни и најправични“, рече Груевски.

Но, по последните парламентарни избори, истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, вештачки била насадена ова влада, која, според него, треба да го одработи тоа што тие не прифатиле.

„Откако ги донесоа на власт, сега наумиле нов план да го ослабнат ВМРО-ДПМНЕ во пресрет на локалните и партиски да завладеат со судството и медиумите, за кога ќе дојде време за реализација за она што го презеле, ВМРО-ДПМНЕ да е слаба и поделена“, рече тој.

Тука не е важен Никола Груевски, нагласи лидерот на партијата, ниту било кој поединец од раководството.

„Јас сум спремен на сѐ, на најподмолни напади, на лажни судења и обвинувања, секојдневни лажни вести за мене, буквално на се. Јас не се плашам од тоа. Но и ВМРО не смее да се плаши од предизвиците кои доаѓаат туку да им погледне во очи и да ја одигра својата историска улога. Следните чекори ќе ги правиме заедно. Јавно и транспарентно, јас само барам од вас да верувате во исправноста на нашето делување и одлуки, кои не се случајни. Ги следам внимателно повиците за виетнамски сценарија, улични борби или формирање на македонски терористички групи, или некакви други опции или блокови со различни стратешки интереси и слично. Тоа се афектни пораки, кои не ја гледаат целата слика, и се заради емотивен набој од неправдата која ни се случува на сите, посебно на државата. Но тоа не е решение. Тоа само може целосно да ја растури Македонија. Јас такво нешто нема да дозволам. И ако цената за тоа е мојата судбина, тогаш нема никаков проблем, еве ја“, рече Груевски.

ОХРИД 24

Facebooktwittergoogle_pluslinkedinmail

© Ohrid24.mk. Сите права се задржани.
Текстот не смее да се презема, во целина или во делови без договор со Ohrid24.mk