Почина Хелмут Кол, човекот кој ги обедини источна и западна Германија

Кол по Втората светска војна, најдолго од сите беше на функцијата канцелар на Германија – четири последователни мандати.

На 87-годишна возраст во својот дом во Лудвигсхафен, почина поранешниот германски канцелар Хелмут Кол. Кол беше канцелар од 1982 до 1998 година, a во историјата ќе остане запаметен како големиот обединувач на Германија.

Хелмут Кол

Тој ја покрена иницијативата за соединувањето на двете Германии, поделени по Втората светска војна, и беше „движечка сила“ за воведувањето на единствена европска валута, убедувајќи ги скептичните Германци да се откажат од марката.

Кол по Втората светска војна, најдолго од сите беше на функцијата канцелар на Германија – четири последователни мандати.

Кол беше во лоша здравствена состојба и во инвалидска количка од 2008 година.

Поранешниот американски претседател Бил Клинтон го оцени Кол како најголемиот европски лидер од втората половина на 20-тиот век.

ОХРИД 24

Facebooktwittergoogle_pluslinkedinmail

© Ohrid24.mk. Сите права се задржани.
Текстот не смее да се презема, во целина или во делови без договор со Ohrid24.mk