Комбе прегази пешаци пред џамија во Лондон, еден загинат и осум повредени

Британската премиерка Тереза Меј истакна дека случајот се третира како потенцијален терористички напад, а за инцидентот се огласи и градоначалникот на Лондон, Садик Кан кој повика на смиреност од жителите.

Комбе удри во случајни минувачи во близина на џамија во Лондон неколку минути откако жртвите завршиле со вечерната молитва. Британските медиуми пишуваат дека возачот на комбето набрзо бил уапсен, а се претпоставува дека бил на возраст од 48 години. Според очевидци, откако ги прегазил пешаците, мажот излегол од комбето и почнал да извикува „сакам да ги убијам сите муслимани“.

Лондон напад

Набрзо реакција пристигна од муслиманскиот совет на Британија од каде велат дека возилото намерно удрило во пешаците. Британската премиерка Тереза Меј истакна дека случајот се третира како потенцијален терористички напад, а за инцидентот се огласи и градоначалникот на Лондон, Садик Кан кој повика на смиреност од жителите.

Ова е трет напад во Обединетото Кралство за оваа година, по терористичкиот чин кој пред 2 месеци, се случи во близина на Британскиот парламент кога 52-годишен напаѓач со возило прегази повеќе случајни минувачи, а потоа со нож усмрти полициски службеник и откако радикален исламист се разнесе во концертна сала во Манчестер убивајќи 23 лица.

Безбедноста во Британија е зголемена на максимално ниво, а на терен се распоредени голем број припадници на безбедносните служби.

ОХРИД 24

Facebooktwittergoogle_pluslinkedinmail

© Ohrid24.mk. Сите права се задржани.
Текстот не смее да се презема, во целина или во делови без договор со Ohrid24.mk