Два земјотреси утрово ги вознемирија охриѓани

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија, со станици во Скопје, Штип, Валандово, Битола, Охрид и Крушево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, на 18.6.2017 год., регистрира два земјотреса чии епицентри се наоѓаат во охридското епицентрално подрачје.

земјотрес Охрид

Првиот земјотрес се случи во 2 часот и 0 минути со Рихтерова локална магнитуда 3.1 а вториот беше во 8 часот и 0 минути со Рихтерова локална магнитуда 2.5.

Според досегашните податоци, првиот земјотрес беше почувствуван во Охрид и околината со интензитет од III-IV степени според Европската макросеизмичка скала, а вториот интензитет од III степени според истата скала.

OХРИД 24

Facebooktwittergoogle_pluslinkedinmail

© Ohrid24.mk. Сите права се задржани.
Текстот не смее да се презема, во целина или во делови без договор со Ohrid24.mk