Се заменуваат кошевите и се бележат кошаркарските терени во СРЦ „Билјанини извори“

Од ЈП „Билјанини извори“ информираат дека согласно пролетната програма за обнова и реконструкција на отворените кошаркарски спортски терени во СРЦ „Билјанини извори“ започнати се активностите кои ќе овозможат подобри услови за рекреирање на сите кошаркарски корисници.

кошеви 1

„Активностите кои се извршуваат деновиве се во насока на замена на старите кошаркарски табли, замена на кош обрачите, комплетно бележење на кошаркарските отворени терени како и оспособување на системот за осветлување кое е поставено се со цел рекреативците да можат да ги користат нашите услуги и во касните вечерни часови“, велат од јавното претпријатие.

кошеви 2

ЈП „Билјанини извори“ согласно своите можности ќе продолжи со активностите кои во еден мал, но значаен дел за сите корисници, ќе значат подобрување на условите на отворените спортски терени.

ОХРИД 24

Facebooktwittergoogle_pluslinkedinmail

© Ohrid24.mk. Сите права се задржани.
Текстот не смее да се презема, во целина или во делови без договор со Ohrid24.mk