Бакрачески: Зошто стратегија за бегалци ако нема бегалци?!

„Нема да дозволиме поигрување со општинските и со државните интереси“, потенцираше Бакрачески, додавајќи дека во изминатите 100 дена владеење на новата Влада, граѓаните можеле да забележат една фарса и извитоперување на сите вредности кои начелно биле прокламирани од сегашните носители на јавни функции во власта.

Референдумот претставува највисок израз на демократската свест на еден народ и од тие причини истиот треба да биде организиран околу прашањето дали во Охрид треба да се овозможи доселување и интеграција на бегалци. Ние постојано во целиот период имаме транзит на бегалци низ територијата на Република Македонија.

Бакрачески

Ако нема бегалци како што тврди опозицијата во Советот, тогаш зошто е изработена Нацрт стратегијата за интеграција на бегалци и странци, запраша градоначалникот Никола Бакрачески во своето обраќање пред советниците на денешната 74 седница на Советот на Општина Охрид.

Покрај дискусијата за потребата од организирање на референдум на кој ќе се слушне гласот на охриѓани дали се за или против доселување на бегалците, во својот говор Бакрачески истакна дека е горд што е припадник на како што рече „најголемата политичка и идеолошка авангарда во Македонија, партијата ВМРО-ДПМНЕ“.

„Нема да дозволиме поигрување со општинските и со државните интереси“, потенцираше Бакрачески, додавајќи дека во изминатите 100 дена владеење на новата Влада, граѓаните можеле да забележат една фарса и извитоперување на сите вредности кои начелно биле прокламирани од сегашните носители на јавни функции во власта.

„Во овие сто дена граѓаните на Македонија доволно видоа што значи погазување на зборови. Колку работи кажавте, а ги погазивте за само сто дена. Народот веќе полека се свестува, после 100 дена шок во ова општество“, рече Бакрачески.

ОХРИД 24                                                                                                                                       П.Д.

Facebooktwittergoogle_pluslinkedinmail

© Ohrid24.mk. Сите права се задржани.
Текстот не смее да се презема, во целина или во делови без договор со Ohrid24.mk