Пополнета квотата на Факултетот за компјутерски науки и инженерство на УИНТ

На вториот и третиот уписен рок кои ќе бидат на 4 и 5 септември, т.е. 14 септември, кандидатите можат да конкурираат за 352 слободни места.

Заврши првиот уписен рок на Универзитетот за информатички науки и технологии „Св Апостол Павле“ во Охрид. Идните бруцоши најголем интерес покажаа за Факултетот за компјутерски науки и инженерство, чија квота се пополна уште во овој уписен рок, информираат од УИНТ „Св. Апостол Павле“.

УИНТ

На вториот и третиот уписен рок кои ќе бидат на 4 и 5 септември, т.е. 14 септември, кандидатите можат да конкурираат за 352 слободни места и тоа на факултетите за Информатички системи, визуелизација, мултимедијална и анимациска техника; Компјутерски мрежи и безбедност; Машинска интелигенција и роботика; Дигитална бизнис информатика и Е-Влада, Е-Бизнис, Е-Култура.

На веб страната на Универзитетот http://www.uist.edu.mk, можете да најдете повеќе информации, како за уписите така и за понудените факултетски програми.

ОХРИД 24

Facebooktwittergoogle_pluslinkedinmail

© Ohrid24.mk. Сите права се задржани.
Текстот не смее да се презема, во целина или во делови без договор со Ohrid24.mk