Средовечен човек претепан до смрт на улицата „Будва“ во Охрид

Истрагата на СВР Охрид е сѐ уште во тек, а на местото на настанот е испратен и јавен обвинител. Подетални информации за денешниот инцидент се очекуваат наскоро.

Маж на возраст од околу педесетина години е претепан до смрт, по претходна расправија и тепачка која се случила попладнево на улицата „Будва“ во Охрид, објави регионалната О2 телевизија.

полиција

Неофицијално, двајца мажи на возраст од околу педесетина години започнале расправија. Ваквите расправии помеѓу двајцата мажи постоеле и претходно, велат сведоци. Во текот на расправијата, стигнал и синот на едниот од мажите, а се претпоставува дека расправијата настанала поради тоа што едниот на другиот му должел неколку талпи.

Синот на едниот од педесетгодишните мажи го претепал до смрт другиот педесетгодишен маж.

Истрагата на СВР Охрид е сѐ уште во тек, а на местото на настанот е испратен и јавен обвинител. Подетални информации за денешниот инцидент се очекуваат наскоро.

ОХРИД 24

Facebooktwittergoogle_pluslinkedinmail

© Ohrid24.mk. Сите права се задржани.
Текстот не смее да се презема, во целина или во делови без договор со Ohrid24.mk