Д-р Митко Тилевски промовиран како кандидат за градоначалник на Охрид

„Овде сме заедно со актуелниот и идниот градоначалник на Охрид. Во моментов го имаме одбрано најдобриот можен кандидат, а тоа е доктор Митко Тилевски, со којшто ќе владееме уште 4 години сигурно“, истакна претседателот на ОК на ВМРО-ДПМНЕ од Охрид.

Д-р Митко Тилевски е официјално промовиран како кандидат од редовите на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Охрид.

штаб ВМРО

Оваа одлука доцна синоќа, по предлог на Општинскиот комитет од Охрид е прифатена од страна на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Скопје.

Д-р Кирил Пецаков, претседателот на ОК на ВМРО-ДПМНЕ, ќе ја предводи советничката листа на партијата на локалните избори кои ќе се случат на 15-ти октомври.

„Овде сме заедно со актуелниот и идниот градоначалник на Охрид. Во моментов го имаме одбрано најдобриот можен кандидат, а тоа е доктор Митко Тилев, со којшто ќе владееме уште 4 години сигурно“, истакна претседателот на ОК на ВМРО-ДПМНЕ од Охрид.

На состанокот на општинското раководство на партијата во Охрид, своја поддршка за кандидатите дал и актуелниот градоначалник Никола Бакрачески.

ОХРИД 24

Facebooktwittergoogle_pluslinkedinmail

© Ohrid24.mk. Сите права се задржани.
Текстот не смее да се презема, во целина или во делови без договор со Ohrid24.mk