Охридски пожарникар трчаше со опрема тешка 25 килограми

„Јас сум првиот пожарникар кој истрчал петкилометарска трка со целосна опрема која е тешка над 25 килограми. Опремата ја користиме секојдневно, во сите интервенции“, вели Номче Белески-Ноно.

Помеѓу четиристотините натпреварувачи на спортската манифестација „Охрид трчаТ“, највпечатлив настап имаше пожарникарот Номче Велески-Ноно од Охрид.

пожарникар 1

Имено, тој беше единствен кој трчаше во целосна пожарникарска опрема, тешка повеќе од 25 килограми.

пожарникар 3

„Јас сум првиот пожарникар кој истрчал петкилометарска трка со целосна опрема која е тешка над 25 килограми. Опремата ја користиме секојдневно, во сите интервенции“, вели Номче Белески.

пожарникар 2

Тој додава дека оваа трка му била предизвик и дека се чувствувал забавно и интересно додека трчал.

ОХРИД 24                                                                                                                                       П.Д.

Facebooktwittergoogle_pluslinkedinmail

© Ohrid24.mk. Сите права се задржани.
Текстот не смее да се презема, во целина или во делови без договор со Ohrid24.mk