Нова израелска репортажа: Охрид е европскиот Ерусалим

Во репортажата се вели дека ѕидовите на Самоиловата тврдина потсетуваат на ѕидовите на стариот град на Ерусалим. Исто така споменати се и многуте археолошки локалитети во градот, како што е античкиот театар изграден околу 200 година пред нашата ера, а откриен во 80-тите.

Европскиот Ерусалим. Со оваа метафора е опишан Охрид во најголемиот и најпопуларниот веб-сајт во Израел www.ynetnews.com кој има специјална репортажа за Македонија, а во најголем дел од истата се задржува на нашиот туристички и културен бисер.

репортажа 2

Градот, кој има околу 60 илјади жители, се наоѓа на брегот на Охридското Езеро, кое се смета за еден од најголемите слатководни езера во светот. Исто така се смета за едно од најдлабоките каде максималната длабочина достигнува 300 метри. Езерото е прогласен за Светско наследство на УНЕСКО, заедно со стариот дел на Охрид.

Историчарите проценуваат дека Охрид еволуирал од древниот град Лихнидос, кој е основан во четвртиот век пред нашата ера.

Во репортажата се вели дека ѕидовите на Самоиловата тврдина потсетуваат на ѕидовите на стариот град на Ерусалим. Исто така споменати се и многуте археолошки локалитети во градот, како што е античкиот театар изграден околу 200 година пред нашата ера, а откриен во 80-тите. Тој во моментов служи како сцена за музички изведби. Исто така, може да се видат многуте цркви во стариот град, некои од нив стари стотици години, како црквата Свети Јован Канео. Легендата вели дека во Охрид имало 365 цркви – по една за секој ден од годината, но сега бројот е помал од тоа.

Во репортажата се вели дека по прошетката низ стариот дел на Охрид, можете да седнете во едно од кафулињата и пабови на брегот на езерото. Туристите кои доаѓаат во Охрид може да се сместат во еден од многуте хотели во градот, или во хотелите во соседна Струга, кој исто така е распослан на брегот на езерото, околу 20 минути возење од Охрид.

репортажа 1

На околу еден час возење по должината на езерото на југ, се наоѓа манастирскиот комплеск Свети Наум. За комплексот се вели дека има убава плажа со продавници за сувенири продавници, кафулиња и ресторани. Во близина на манастирот се изворите кои ја хранат со вода реката Црна Дрим која се влива во Охридското езеро и тече низ Македонија и Албанија по што се влива во Јадранското Море. Во реката постои остров кој е природен резерват, а може да се изнајми кајче и да се плови наоколу. Исто така, на бреговите на реката има неколку ресторани, од кои едниот – Острово нуди интересна атракција, како што се сплавовите на вода.

Кривулестиот пат помеѓу Охрид и Свети наум поминува низ прекрасните зелени пејзажи на Националниот парк Галичица, каде можете да го посетите живописното рибарско село Трпејца каде многу од куќите се користат за изнајмување на туристите.

репортажа 3

Авторот на репортажата за посета го препорачува и Музејот на вода – „Заливот на коските“, обновено рибарско село од 12-ти до 7-ми век п.н.е., каде може да се видат оригиналните куќи, алатките кои се користеле од страна на селаните и коските на животните кои ги одгледувале. Музејот, исто така им нуди на посетителите можност да нуркаат и да бидат импресиониран од убавините кои ќе ги видат под вода.

Останатиот дел од репортажата е посветен на главниот град Скопје, Битола, Кањонот Матка со реката Треска, националниот парк Маврово и манастирот Свети Јован Бигорски.

Писателот на репортажата е гостин на тур операторот Аркиа травел, кој пред еден месец ја започна директната авио-линија меѓу Израел и Охрид, и Туристичката комора на Македонија.

ОХРИД 24

Facebooktwittergoogle_pluslinkedinmail

© Ohrid24.mk. Сите права се задржани.
Текстот не смее да се презема, во целина или во делови без договор со Ohrid24.mk