Швеѓанец донираше играчки, телевизори и ДВД плеери за охридските градинки

Донатор е Горан Карлсон од Шведска, а во негово име донацијата ја предаде охриѓанецот Милан Стојчески, кој долги години живее во Шведска и важи за потврден поддржувач на бројни хуманитарни и други манифестации.

Во групите на ЈОУДГ „ Јасна Ристеска“ кои работат во дислоцираните простории во селата Лескоец, Велгошти и Пештани, како и во населбата „Радојца Новичиќ“, денеска беше примена донација од играчки, телевизори, ДВД-плеери и косилки за трева во износ од 1.000 евра.

донација 1

Донатор е Горан Карлсон од Шведска, а во негово име донацијата ја предаде охриѓанецот Милан Стојчески, кој долги години живее во Шведска и важи за потврден поддржувач на бројни хуманитарни и други манифестации.

донација 2

Организатор е на првиот саем за туризам во Гетебург, Шведска, каде ја промовира Република Македонија, особено низ природните и културни убавини на Охрид.

ОХРИД 24

Facebooktwittergoogle_pluslinkedinmail

© Ohrid24.mk. Сите права се задржани.
Текстот не смее да се презема, во целина или во делови без договор со Ohrid24.mk