Отворено првото училиште по „Хелен Дорон“ метод во Охрид

„Хелен Дорон“ е иновативно школо, со посебен пристап кон учењето на англискиот јазик.

Охрид го доби првото училиште за англиски јазик по методот „Хелен Дорон“. Во Македонија овој светски бренд постои веќе три години, а од вчера е официјално присутен и во нашиот град.

Сопственичката на „Хелен Дорон“ училиштето во Охрид, Ангела Симиџиоска е дипломиран професор по англиски јазик и книжевност. Таа претходно има работно искуство во училиштето „Хелен Дорон“ во Општина Аеродром, Скопје, па оттука и идејата да се донесе овој бренд и во Охрид.

Хелен Дорон 9

– Она што треба да се напомене е дека „Хелен Дорон“ е светски бренд. Многу сум среќна што ќе се отвори и тука, во Охрид. Во Македонија овој бренд постои веќе три години, но се чекаше да се отвори и во Охрид, вели Симиџиоска. Таа потенцира дека „Хелен Дорон“ е иновативно школо, со посебен пристап кон учењето на англискиот јазик.

Хелен Дорон 4

– Почнуваме од најмалата возраст, 1 година и 3 месеци па се до тие што се на 18 години, за сите деца имаме посебни програми. Во група ќе имаме од 4 до 8 деца, тоа значи максимална посветеност на секое дете одделно. Во зависност од програмата што ќе ја нудиме, дали е целосно зборување на англиски јазик, или е комбинирано со читање, пишување и зборување, имаме одредени активности, игри, песни и многу движечки активности, вели сопственичката на првото „Хелен Дорон“ училиште во Охрид.

Хелен Дорон 3

Симиџиоска нагласува дека за целосно да се почувствува магијата на „Хелен Дорон“ методот за учење на англиски јазик и зошто децата навистина го претпочитаат овој начин на учење, училиштето во промотивниот период до 1 октомври ќе понуди бесплатни часови, приспособени на возраста на децата, од 1 година и 3 месеци, па нагоре.

Хелен Дорон 5

– На тие бесплатни часови децата учествуваат во самите активности и игри, а родителите набљудуваат. Во самиот момент родителите можат да проценат дали навистина учиме, дали децата се вклучени и дали децата се радуваат и чувствуваат дека знаат и можат да учат. Би сакала да напоменам дека целиот метод на учење се потпира на „positive reinforcement“, односно позитивно мотивирање на децата, додава Симиџиоска.

Хелен Дорон 2

Таа напоменува дека она што ќе го разликува „Хелен Дорон“ во Охрид од останатите училишта за англиски јазици е тоа што децата постојано ќе се мотивираат дека тие можат, дека тие знаат да направат нешто. Оттука, нивната желба и мотивација за учење.

Хелен Дорон 7

Хелен Дорон 8

– Тука нема да учиме само англиски, туку ќе учиме и како да учиме, како да се дружиме со другарчињата, како да ги почитуваме, како да се грижиме за средината. И сето тоа соодветно ќе биде поделено во епизоди, придружени со многу игри и песни. Важно е да се напомене дека на часовите ќе користиме само англиски јазик, оттука децата успешно го учат како мајчин јазик, заклучува професорката по англиски јазик Ангела Симиџиоска.

Хелен Дорон 1

Хелен Дорон 6

Официјалниот почеток на групите што ќе се запишат е од 1 октомври, а според програмата, предвидено е часовите да се одржуваат двапати неделно за секоја одделна возрасна група. „Хелен Дорон Охрид“ се наоѓа на улица „Даме Груев“ 79 1/1 (Кула Инжинеринг).

ОХРИД 24                                                                                                                                         П.Д.

Facebooktwittergoogle_pluslinkedinmail

© Ohrid24.mk. Сите права се задржани.
Текстот не смее да се презема, во целина или во делови без договор со Ohrid24.mk