Тевдовски: Ќе стимулираме отворање на добро платени работни места

Вкупната сума за поддршка за 12 месеци, претпријатието ќе ја добие на почетокот на првиот месец и таа ќе изнесува 108.000 денари, истакна Тевдовски.

СДСМ ќе стимулира отворање на добро платени работни места кои што ќе обезбедат ликвидност во домашните фирми. Ова денес го соопшти на прес конференција на плоштадот „Крушевска република“ во Охрид, Драган Тевдовски, член на ИО на СДСМ.

%d1%82%d0%b5%d0%b2%d0%b4%d0%be%d0%b2%d1%81%d0%ba%d0%b8

– Освен минималната плата што ќе биде зголемена, ќе стимулираме отворање на добро платени работни места кои ќе обезбедат ликвидност во домашните фирми, а притоа нема да го рушат фондот за ПИОМ. Така, на малите и средни претпријатијата, кои ќе вработат невработени лица до 50 години возраст и ќе им дадат плата еднаква или поголема од просечната, ќе им се додели поддршка во висина од 9.000 денари за исплатена месечна бруто плата, во период од 12 месеци. Вкупната сума за поддршка за 12 месеци, претпријатието ќе ја добие на почетокот на првиот месец и таа ќе изнесува 108.000 денари, истакна Тевдовски.

За вработување на невработено лице над 50 години возраст, ако бруто платата е повисока од просечната, на претпријатието ќе му се доделат 162.000 денари на почетокот на првиот месец.

Оваа мерка, како што соопштија од партијата на Заев, ќе важи и за вработување на лице од државната и јавната администрација, ако бруто платата е повисока од просечната, и во овој случај вкупната сума на поддршката што претпријатието ќе ја добие почетокот на првиот месец ќе изнесува 72.000 денари.

ОХРИД 24

Facebooktwittergoogle_pluslinkedinmail

© Ohrid24.mk. Сите права се задржани.
Текстот не смее да се презема, во целина или во делови без договор со Ohrid24.mk