ЖФК „Билјанини извори“ го декласираше New York од Скопје со 7:1

„Расположението кај нас беше на завидно ниво и се надевам дека ке има уште подобри резултати“, изјави Александра Рубаноска капитенот за ЖФК „Билјанини извори“.

Генерацијата 2001/2002 вчера одиграа пријателски натпревар со клубот New York од Скопје. Младите фудбалерки од „Билјанини извори“ ја декласираја екипата со 7:1 и тоа на домашен терен.

ЖРК Билјанини

Головите на охридските „Билјанини извори“ ги постигна Анастасија Матеска Ивана Николовска, а по два гола постигнаа  капитенот на тимот Александра Рубаноска и Кристина Мојсоска.

ЖРК Билјанини 2

„Како последна завршна сезона наставуваме со победа задоволен сум од овој резултат и со ваква игра се надевам и очекувам уште поголеми успеси“, изјави Миле Младеноски Илич, тренер на клубот.

ЖРК Билјанини 3

„Задоволна сум од одиграниот натпревар и со ови резултати ЖФК „Билјанини извори“ добива мотив и во наредните натпревари да нижи победи. Расположението кај нас беше на завидно ниво и се надевам дека ке има уште подобри резултати“, изјави Александра Рубаноска капитенот за ЖФК „Билјанини извори“.

ОХРИД 24

Facebooktwittergoogle_pluslinkedinmail

© Ohrid24.mk. Сите права се задржани.
Текстот не смее да се презема, во целина или во делови без договор со Ohrid24.mk