Собранието ќе расправа за разрешувањето на јавниот обвинител Зврлевски

Завчера пратениците од опозицијата, побараа разумно објаснување за разрешување на Марко Зврлевски и, според нив, тие никогаш не рекле оти се против тоа. Сметаат дека во моментов има многу побитни теми на кои треба да се расправа како што се мигрантите, пожарите, депонијата во Струга… 

Продолжува шестата собраниска седница со расправа по Предлогот за разрешување на Јавниот обвинител на Република Македонија Марко Зврлески.

Собрание

Владата го поднесе предлогот за разрешување на Зврлевски поради, како што се наведува во образложението, незаконито, ненавремено и недоволно стручно вршење на функцијата. Исто така, во документот се наведува и дека Зврлевски со своето однесување и дејствување покажал дека не е способен за извршување на функцијата, како и поради тоа што не поднел барање за покренување кривична постапка за случаи предвидени со закон и нарушување на угледот на функцијата.

Завчера пратениците од опозицијата, побараа разумно објаснување за разрешување на Марко Зврлевски и, според нив, тие никогаш не рекле оти се против тоа. Сметаат дека во моментов има многу побитни теми на кои треба да се расправа како што се мигрантите, пожарите, депонијата во Струга… Повторно побараа да се преиспитаат сомнежите дали во време кога се распишани избори треба да се расправа и да се започне постапка за менување.

Пратениците од парламентарното мнозинство потенцираа дека државниот јавен обвинител Марко Зврлевски по 27 април имал шанса да му даде на Јавното обвинителство можност да работи во интерес на граѓаните, а наместо тоа работел на заштита на поранешната власт.

ОХРИД 24

Facebooktwittergoogle_pluslinkedinmail

© Ohrid24.mk. Сите права се задржани.
Текстот не смее да се презема, во целина или во делови без договор со Ohrid24.mk