Кога хероите ќе ја напуштат сцената, настапуваат кловновите

Вредностите создавани со генерации и вградени во тоа кои сме, генерациите од кои и ние потекнуваме независно од царството кое владеело, ние денес ги фрламе на ѓубриште. Зошто? Заради глупавост, незнаење, да се додвориме на некој вожд да ни фрли помала или поголема коска? Навистина зошто?

Ние Македонците сме народ кој (воглавно) одбива да ги проучува и да ги знае сопствените корени. Нам, постојано други ни кажуваа и ни кажуваат кои сме.

кловн

Најлесно се завладува со непросветен, а самобендисан и амбициозен ум. Сега Бугарите национално ќе не „(пре)воспитуваат“ и ќе ни ја одобруваат историјата, како што Германците беа превоспитувани од Европа после нацистичките злосторства. Братската бугарска прегратка која ќе ни го одземе кислородот и ќе не претвори во изумрена нација, историски артефакт, ни е „подарок“ од партијата која не воспитуваше дека ние Македонците немаме поголем непријател од нив, Бугарите.

Семејството што ме воспита да бидам Македонец, моето семејство, беше на врвот на листата за прогон од истиве што тогаш глумеа македонштина. Кога не знаеш кој си, или се плашиш од тоа што си, луташ од крајност во крајност, во лимитите на сопствениот ум и таму ги сместуваш народот и нацијата кои ги водиш.
Ние пак, народот, прифаќаме да се однесуваме како донесени од друга планета, луѓе без потекло, без дедовци и прадедовци, без создавана историја, како секое царство на територијата на географска Македонија да почнувало од нула население.

Вредностите создавани со генерации и вградени во тоа кои сме, генерациите од кои и ние потекнуваме независно од царството кое владеело, ние денес ги фрламе на ѓубриште. Зошто? Заради глупавост, незнаење, да се додвориме на некој вожд да ни фрли помала или поголема коска? Навистина зошто?

Кога хероите ќе ја напуштат сцената, кловновите настапуваат (Х. Хајне). Македонија, откако пред 70 години ги ликвидира своите херои, на сцената гледа само кловнови во улога на лидери.

(фејсбук статус на Горазд Росоклија)

ОХРИД 24

Facebooktwittergoogle_pluslinkedinmail

© Ohrid24.mk. Сите права се задржани.
Текстот не смее да се презема, во целина или во делови без договор со Ohrid24.mk