Управител на погребално претпријатие од Охрид телата ги чувал во комбе

Согласно Закон за гробишта и погребални услуги, пријавениот бил должен телата на починатите лица да ги однесе на чување во капела во ЈП „Градски гробишта”, да ги подигне од таму и да ги транспортира до гробиштата каде што е закажан погребот.

Охридската полиција поднесе кривична пријава против 51-годишниот Д.Ш., поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење во служба”.

СВР Охрид

Пријавениот во својство на сопственик и управител на погребалното претпријатие „Мирен сон” од Охрид, подолг временски период, починатите лица, за кои вршел погребални услуги, наместо да ги однесе во капела ги оставал во комбето кое го паркирал во кругот на неговото претпријатие.

Починатите ги пренесувал и ги погребувал по селата, а на семејствата на починатите, за превоз до градските гробишта, влез во градските гробишта и чување на телото на починатите лица во капела, им наплаќал одредена сума на пари.

Согласно Закон за гробишта и погребални услуги, пријавениот бил должен телата на починатите лица да ги однесе на чување во капела во ЈП „Градски гробишта”, да ги подигне од таму и да ги транспортира до гробиштата каде што е закажан погребот.

ОХРИД 24

Facebooktwittergoogle_pluslinkedinmail

© Ohrid24.mk. Сите права се задржани.
Текстот не смее да се презема, во целина или во делови без договор со Ohrid24.mk