Пецаков: Модерни трибини и соблекувални на „Билјанини извори“

Додаде дека во духот на спортската афирмација на градот ќе се одржува втора година по ред фудбалскиот камп Барселона, а потсети дека веќе четврта година со ред покрај спортската академија во Скопје, Охрид ги има спортските паралелки по фудбал, ракомет и кошарка.

Спорт за сите. Со реализација на проектите од областа на спортот и спортската инфраструктура, ќе придонесеме за подобрување на условите за спортување, натпреварување и рекреирање на сите граѓани, изјави денеска од СРЦ „Билјанини извори“, д-р Кирил Пецаков, носител на советничката листа на ВМРО-ДПМНЕ за Охрид. Тој го најави проектот за современа трибина и соблекувални на стадионот.

Пецаков прес

„Постојната трибина на фудбалскиот стадион со реконструкција ќе прерасне во современа трибина. Во рамките на трибината ќе има четири соблекувални, просторија за Атлетски клуб Охрид, и просторија на Општински фудбалски сојуз Охрид.Секогаш младите, младите, младите. Младите се движечка сила и промотор на новите вредности на општетството и градот. Младите се иднината на градот Охрид“, рече Пецаков.

Кога станува збор за младите, посочи, и понатаму ќе продолжиме да вложуваме значителни ресурси и посветено да работиме врз развивањето и насочувањето на потенцијалот што го имаат младите генерации и кон обезбедување подобри услови за живот и за поддршка на проекти што ќе ги опфатат нивните потреби.

Додаде дека во духот на спортската афирмација на градот ќе се одржува втора година по ред фудбалскиот камп Барселона, а потсети дека веќе четврта година со ред покрај спортската академија во Скопје, Охрид ги има спортските паралелки по фудбал, ракомет и кошарка.

„Ќе продолжи со работа дисперзираната паралелка по фудбал во рамките на ОУТУ „Ванчо Питошески“, со цел учениците во средното образование, преку посебно обликуван образовен процес со акцент на практичниот дел-тренингот да се оспособат да постигнат врвни спортски резултати и да се подготвуваат од рана возраст да бидат членови на националните спортски селекции за фудбал, ракомет, кошарка и тенис. Ќе работиме на создавање квалитетни спортски кадри и спортисти, кои ќе го промовираат спортот и Охрид, како спортски град“, рече Пецаков, додавајќи дека граѓаните ја препознаваат грижата за Охрид, а тоа е нивен долг и обврска.

ОХРИД 24

Facebooktwittergoogle_pluslinkedinmail

© Ohrid24.mk. Сите права се задржани.
Текстот не смее да се презема, во целина или во делови без договор со Ohrid24.mk