О’ Нил: Лажната историја на Грција е затвор за сите грчки влади и сопствениот грчки народ

Коѕијас вели дека не станува збор за иредентизам од грчка страна, и јас му верувам, но тој треба да знае подеднакво добро, дека не постои иредентизам ниту од страна на Република Македонија. Македонија повеќе пати тоа го потврди многу јасно, во повторените декларации дека нема никакви барања од таков вид кон Грција, појаснува О’ Нил.

Непристоен е коментарот на шефот на грчката дипломатија Никос Коѕијас, даден за грчките медиуми. Се согласувам, со него дека историјата не е затвор. Но, историјата, односно лажната историја, е затвор кој што последниве грчки влади го направија за себе и за грчкиот народ, изјави Робин О’ Нил, прв медијатор во грчко-македонскиот спор во новогодишното интервју за Програмата „Гласот на народот“.

О'Нил

Коѕијас вели дека не станува збор за иредентизам од грчка страна, и јас му верувам, но тој треба да знае подеднакво добро, дека не постои иредентизам ниту од страна на Република Македонија. Македонија повеќе пати тоа го потврди многу јасно, во повторените декларации дека нема никакви барања од таков вид кон Грција, појаснува О’ Нил.

Според него, последната изјава на Коѕијас потврдува дека политиката на Грција не е воопшто променета во изминатите повеќе од дваесет години во врска со спорот покренат од страна на Атина околу името на Република Македонија, во голема мера, како што посочува, поради внатрешни политички причини во самата Грција.

„Моето мислење е дека сите грчки влади не сакаат решение на овој проблем, којшто самите го создадоа, бидејќи знаат дека единствено решение ќе биде признавањето од страна на сите земји, дека Македонија има право според меѓународното право да го користи името по свој сопствен избор, име кое, се разбира, не претставува закана во целост кон Грција или кон грчкиот народ“, појаснува О’ Нил во новогодишното интервју за Програмата „Гласот на народот“.

Амбасадорот О’ Нил останува на својот став дека Грција не сака да преговара сериозно за ова прашање, и дека Владата на Македонија сега треба да го покрене ова прашање во ОН и да добие признавање на Македонија под нејзиното правилно име – Република Македонија, што, вели, ќе го отстрани секој меѓународен сомнеж во врска со ова прашање.

ОХРИД 24

Facebooktwittergoogle_pluslinkedinmail

© Ohrid24.mk. Сите права се задржани.
Текстот не смее да се презема, во целина или во делови без договор со Ohrid24.mk