Балканот под снег – се јавија првите проблеми во Србија, Босна, Хрватска и Романија

Снегот кој беше најавен за викендов го покри целиот Балкански полуостров, а со тоа се јавија и првите проблеми.

снег

Во делови од Србија утрово температурата е под нулата, а во градовите кои се со надморска висина над 1000 метри има снег од 10 сантиметри, а во некои повисоки делови снежната покривка достигнува дури 15 сантиметри.

Инаку во делови од земјата има и забрана за движење поради натрупаниот снег, а екипите се веќе на терен, јавуваат српските медиуми.

Снег на планинските предели денеска вее и во Босна, Хрватска и Романија.

ОХРИД 24

Facebooktwittergoogle_pluslinkedinmail

© Ohrid24.mk. Сите права се задржани.
Текстот не смее да се презема, во целина или во делови без договор со Ohrid24.mk