Охриѓанец починал од електричен удар во Струга

На 12.09.2017 година околу 11,30 часот во Струга на ул.„Едвард Кардељ“ Г.М. (44) од Охрид неговиот брат А.М. и М.П. сите вработени во „АМГ Дизајн 2013“, извршувале градежни работи (местеле олуци), на куќата на Ј.Б., при што Г.М. со олук допрел електрична жица од далековод кој минувал на висина од околу 2,5 метри од терасата каде се наоѓал, при што добил електричен удар и паднал.

СВР Охрид

Од страна на екипа на Итна медицинска помош му била укажана лекарска помош, по што бил пренесен во Општата Болница во Струга, каде била констатирана смрт. Увид на местото на настанот бил извршен од страна на увидна екипа од ПС Струга. По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било предадено на семејството.

ОХРИД 24

Facebooktwittergoogle_pluslinkedinmail

© Ohrid24.mk. Сите права се задржани.
Текстот не смее да се презема, во целина или во делови без договор со Ohrid24.mk