Експерт на ЦИА смета дека Ким Џонг Ун е рационален политичар

Повеќе американски високи функционери, вклучувајќи го им претседателот Доналд Трамп го опишуваат Ким како „ирационален и луд“.

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун е рационален политичар, факт кој САД не смеат да го игнорираат, во креирањето на политиката кон Пјонгјанг. Ова го наведува експертот на ЦИА за Северна Кореја.

Ким Џонг Ун

„Кога не е фалбаџија, Ким е рационална личност. Во САД често се потценува неговата конзервативност. Тој сака долго да владее и да умре во својот кревет“, рекол Јонг Сук Ли, помошник на заменик директорот на ЦИА задолжен за Северна Кореја.

Повеќе американски високи функционери, вклучувајќи го им претседателот Доналд Трамп го опишуваат Ким како „ирационален и луд“.

Јонг на една конференција за ЦИА рекол дека Северна Кореја е навикната секогаш да биде во дефанзива и поради својата историја и бидејќи е опкружена со големи сили.

„Северна Кореја е политички организам кој се развива благодарение на конфронтацијата“, навел Јонг.

Според неговите зборови, воинствената реторика на Ким е неговата желба по секоја цена да ја одржи нуклераната програма на својата земја не значи дека тој ќе донесе ирационална одлука да лансира нуклеарна ракета кон САД.

„Одлуката да испрати атомска бомба на Лос Анџелес не е во негов интерес доколку сака да преживее“, рекол Јонг.

OХРИД 24

Facebooktwittergoogle_pluslinkedinmail

© Ohrid24.mk. Сите права се задржани.
Текстот не смее да се презема, во целина или во делови без договор со Ohrid24.mk