Граѓаните на Гевгелија со големо мнозинство против отворање на рудници за злато

„Градот се обедини против злото“, „Така ја сакаме Гевгелија“, „Ќе продолжиме и понатаму ако е потребно“, се дел од коментарите кои ги објавуваат жителите на градот на социјалните мрежи.

Граѓаните на Гевгелија синоќа излегоа по улиците да го слават успехот на нивниот референдум за или против отворањето на рудници за злато на планината Кожуф. 13.097 или 99,1 отсто од граѓаните што излегоа на гласањето беа против отворањето на планираниот рудник за злато.

Вкупно гласаа 13.300 гласачи или речиси 70 отсто од граѓаните запишани во Избирачкиот список на општината, информираат иницијаторите на референдумот, претставници на здружението Спас за нас.

референдум Гевгелија

Од Општинската изборна комисија на Гевгелија информираа дека референдумот е успешен.

Граѓаните на Гевгелија одговорија негативно на прашањето „дали сте за отворање на рудници за металични минерални суровини на планината Кожуф“.

Синоќа колони возила по улиците, со плакати од иницијативата Спас за нас, како и со развиорени македонски знамиња слават по улиците на Гевгелија.

„Градот се обедини против злото“, „Така ја сакаме Гевгелија“, „Ќе продолжиме и понатаму ако е потребно“, се дел од коментарите кои ги објавуваат жителите на градот на социјалните мрежи.

„Гевгеличани со овој референдум недвосмислено кажаа дека во нивната општина не сакаат никакви рудници и се против каква било експлоатација на рудно богатство од планината Кожуф. Ги чекаме официјалните информации, но според нашите набљудувачи кои беа присутни на сите 37 избирачки места дури 99,1 отсто од граѓаните се изјасниле против рудници“, ни изјави Ангел Наков од иницијативата Спас за нас.

ОХРИД 24                                                                                                                  извор: МКД.мк

Facebooktwittergoogle_pluslinkedinmail

© Ohrid24.mk. Сите права се задржани.
Текстот не смее да се презема, во целина или во делови без договор со Ohrid24.mk