МАЕИ: Софија да не измислува „Бугари“ во Албанија, туку да го признае македонското малцинство во Бугарија

Партијата Македонска алијанса за европска интеграција истакнува дека малцинството што живее во овие простори и во цела Албанија е македонско малцинство, официјално признато во Преспа, иако не и во регионот на Голобрдо и Гора.

Бугарија да не измислува „Бугари“ таму каде што не постојат, туку да го признае македонското малцинство во Бугарија, се вели во Декларацијата што денес до јавноста и Европската унија( ЕУ) ја упати Партијата Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ).

Едмонд Темелко

„Во Албанија нема бугарско малцинство. Такво малцинство има во главите на бугарските официјални лица во Софија кои продолжуваат со антимакедонизмот како официјална политика за негирање на Македонскиот народ во целина“, се вели во Декларацијата.

Партијата Македонска алијанса за европска интеграција истакнува дека малцинството што живее во овие простори и во цела Албанија е македонско малцинство, официјално признато во Преспа, иако не и во регионот на Голобрдо и Гора.

„Македонците во Албанија не се “Бугари“! Во Албанија живее македонско, грчко, српско-црногорско, влашко, ромско, бошњачко и еѓиптјанско малцинство! Напорите за признавање на непостоечко “бугарско малцинство“ во Албанија го сметаме како фалсификат на историјата и на вистината!“, пишува во Декларацијата.

ОХРИД 24

Facebooktwittergoogle_pluslinkedinmail

© Ohrid24.mk. Сите права се задржани.
Текстот не смее да се презема, во целина или во делови без договор со Ohrid24.mk