Пролетен циклус за подготовки на полагање на TOEFL во Црвен крст Охрид

Подготовката, која во вид на часови ќе започне да се реализира на 27 февруари 2017 г, ќе трае 10 недели, а ќе ја спроведува Александер Џоунс, волонтер на Мировен корпус Македонија, кој работи во организацијата на Црвениот крст Охрид.

Поради големиот интерес Црвен крст Охрид започнува нов, пролетен циклус на подготовка на кандидати за полагање на TOEFL (Test of English as a Foreign Language), информираат од општинската организација на Црвен крст.

TOEFL

Подготовката, која во вид на часови ќе започне да се реализира на 27 февруари 2017 г, ќе трае 10 недели, а ќе ја спроведува Александер Џоунс, волонтер на Мировен корпус Македонија, кој работи во организацијата на Црвениот крст Охрид.

TOEFL (Test of English as a Foreign Language) е најраспространет и светски прифатен тест за проверка на знаењата за англискиот јазик. 9000 унвирезитети, колеџи, агенции го признаваат тестот и тоа во 130 земји ширум светот вклучувајќи ја и Македонија. TOEFL е тест кој исто така се користи за докажување на познавањето на англискиот јазик за државната администрација во Македонија.

Заинтересираните кандидати можат да се пријават во просториите на Црвен крст Охрид, или на тел. 046 262-706 и 070 315309 или на е-маил ohrid@redcross.org.mk најдоцна до 25.02.2017 г.

ОХРИД 24

Facebooktwittergoogle_pluslinkedinmail

© Ohrid24.mk. Сите права се задржани.
Текстот не смее да се презема, во целина или во делови без договор со Ohrid24.mk