Локалната ќе предложи мерки за спасување на веслачкиот клуб „Југ“

Советот на општина Охрид, на денешната седница ги усвои предложените одлуки за извршување на буџетот на општина Охрид за 2017 година, измените на развојната програма за поттикнување на развојот на туризмот на општина Охрид за 2017 – 2019 година, за промена на трасата на линиска инфраструктура за фекална канализациона мрежа.

седница

Советот даде согласност на Одлуката за изменување и дополнување на Одлуката за утврдување на висината на надоместокот на услугите што ги врши ЈП„Градски гробишта“ Охрид и за утврдување на услови за начинот на градење во село Љубаништа- Општина Охрид за кое нема урбанистички план.

По дополнителната точка на дневниот ред во врска со Веслачкиот клуб „ Југ“ , Советот заклучи Комисијата за млади и спорт, заедно со градоначалникот Никола Бакрачески да ги разгледа случувањата со клубот и да предложи мерки, како Локалната самоуправа може да придонесе за спас од згаснување на најстариот спортски клуб во Охрид.

ОХРИД 24

Facebooktwittergoogle_pluslinkedinmail

© Ohrid24.mk. Сите права се задржани.
Текстот не смее да се презема, во целина или во делови без договор со Ohrid24.mk