Вучиќ победи во првиот круг на претседателските избори во Србија

Во своето обраќање до јавноста Вучиќ истакна дека самиот добил 12 отсто повеќе од сите кандидати за претседател заедно.

Досегашниот премиер и претседателски кандидат на Српската напредна партија, Александар Вучиќ ќе биде петтиот претседател на соседна Србија.

Според последните информации од српските медиуми, Вучиќ освоил 56,1 отсто од гласовите.

Вучиќ обраќање

Вучиќ во обраќање пред јавноста прогласи победа во првиот круг, фото: Б92

Во своето обраќање до јавноста Вучиќ истакна дека самиот добил 12 отсто повеќе од сите кандидати за претседател заедно.

На второ место е поранешниот омбудсман Саша Јанковиќ со 16,2 отсто од поддршката, а на трето Лука Максимовиќ (Љубиша Прелетачевиќ Бели), со 9,4 проценти од гласовите, додека поранешниот шеф на дипломатијата Вук Јеремиќ е четврт со 5,8 проценти од освоените гласови.

ОХРИД 24

Facebooktwittergoogle_pluslinkedinmail

© Ohrid24.mk. Сите права се задржани.
Текстот не смее да се презема, во целина или во делови без договор со Ohrid24.mk