75-годишен жител на Делогожда ја нападнал снаата со шипка и ја влечел за коса

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „телесна повреда при вршење семејно насилство“, полициската станица од Струга поднесе кривична пријава против Е.М. (75) од струшкото село Делогожда.

семејно насилство

„Пријавениот, казненото дело го сторил на втори мај оваа година во 18 часот и 30 минути во дворот од семејната куќа во селото Делогожда. Тука настанала расправија со неговата снааа од брат поврзана со имотно правни недоразбирања. Видно револтиран Е.М. започнал со карање и викање на висок тон, потоа со вербални навреди, а по кратко време ја нападнал снаата со метална шипка и ја влечел за коса“, информираше Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.

Натамошниот тек на неговото агресивно однесување бил спречен од страна на членови од семејството кои оштетената ја однеле во Општата болница во Струга.

ОХРИД 24

Facebooktwittergoogle_pluslinkedinmail

© Ohrid24.mk. Сите права се задржани.
Текстот не смее да се презема, во целина или во делови без договор со Ohrid24.mk