Музичката легенда Стинг доаѓа во Скопје на 15-ти октомври

На оваа турнеја, Стинг свири неколку песни од навистина извонредниот нов албум, како и најголемите хитови од неговата соло кариера: „Fragile“, „Desert Rose“, „Fields of Gold“…, како и од времето на легендарната група The Police: „Message in the bottle“, „Walking on the moon“, „Every breath you take“…

Со големо задоволство Ве информираме дека на Македонија ќе и` се случи најголемиот концерт во нејзината досегашна историја, информираат од Авалон продукција.

Стинг најава

Во рамките на големата светска турнеја „57th & 9th“ по повод истоимениот албум, на 15-ти октомври во арената „Борис Трајковски“ во Скопје, концерт ќе одржи едно од најголемите светски музички имиња на сите времиња – Стинг!

Стинг заедно со The Rolling Stones, Bruce Springsteen, U2, Depeche Mode, Coldplay…, е претставник на таканаречената А листа на артисти од областа на рок музиката.

Стинг е веќе на промотивна светска турнеја од февруари годинава, во која ги опфаќа сите континенти.

Дел од летото му е резервирано за Европа, а на почетокот на септември настапува во Јужна Америка, додека во Европа повторно се враќа со серија на концерти од средината на септември до крајот на октомври.

На оваа турнеја, Стинг свири неколку песни од навистина извонредниот нов албум, како и најголемите хитови од неговата соло кариера: „Fragile“, „Desert Rose“, „Fields of Gold“…, како и од времето на легендарната група The Police: „Message in the bottle“, „Walking on the moon“, „Every breath you take“…

Lineup-от на неговиот придружен состав е како и секогаш со најпознати и најквалитетни светски музичари: Dominic Miller (гитара), Josh Freese (тапани), Rufus Miller (гитара). Kако специјален гостин во Скопје, како и на целата турнеја, со свое шоу пред настапот на Стинг, ќе настапи и Joe Sumner.

Инаку, Авалон продукција го потврди концертот на Стинг во Скопје на 5-ти мај, а според инструкциите на менаџментот на Стинг, како ден за објава на ова шоу е одбран токму денешниот ден.

Сите информации поврзани околу продажбата на влезниците за овој навистина голем настан ќе бидат објавени вечерва во 20 часот.

После повеќе од 200 концерти низ целиот Балкан, посебно не` радува фактот што сепак, врвот во досегашната работа на Авалон Продукција ќе претставува концерт на Стинг на 15-ти октомври во нашата држава Македонија, во Скопје, велат од Авалон продукција.

ОХРИД 24

Facebooktwittergoogle_pluslinkedinmail

© Ohrid24.mk. Сите права се задржани.
Текстот не смее да се презема, во целина или во делови без договор со Ohrid24.mk