ВМРО-ДПМНЕ: Автопатот Кичево-Охрид доцни заради неспособноста на СДС

СДС се неспособни и целосно неодговорни кон граѓаните. СДС во своите мрачни денови на власт само блокира и крати па така автопатот Кичево – Охрид е жртва на неодговорноста и некадарноста на СДС.
Неспособните СДС наоѓаа најбанални изговори, како да се запре изградбата на автопатот. Градбата на автопатот Кичево – Охрид е во целосен застој повеќе од четири месеци, велат во партиско соопштение ВМРО-ДПМНЕ.

„До мај преку автопатот се гледаше работата на ВМРО-ДПМНЕ. Денес пак преку автопатот се гледа работата на СДС. До мај 1.000 работници секојдневно работеа на автопатот. Сега речиси нула работници работат на автопатот. Тоа е ВМРО-ДПМНЕ, ова е СДС. СДС не работи за доброто на граѓаните, СДС работи согласно теснопартиските потреби. За СДС не се важни граѓаните за нив не значи ништо тој автопат за поголем број инвестиции во Охрид и поголема достапност на градот Охрид за туристите“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Според нив, тоа е стилот на работа на СДС и с`е што можеле да запрат како капитални проекти од ВМРО-ДПМНЕ било запрено, а тоа што било во напредна фаза и немале лице пред луѓето да го запрат, сериозно го забавиле за да изгледа дека биле дел од тој процес.

„Жалосно е што СДС го прави ова бидејќи тој што губи на крајот е народот.мА народот кога губи, ќе губи и тој што им го прави тоа. Заρади неодговорноста, целоκупната негρижа и неспособноста на СДС набρзо ќе следи политичκа одговоρност. Казната ќе им биде испорачна од граѓаните на 15-ти октомври на локалните избори“, се додава во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

ОХРИД 24

Facebooktwittergoogle_pluslinkedinmail

© Ohrid24.mk. Сите права се задржани.
Текстот не смее да се презема, во целина или во делови без договор со Ohrid24.mk