Дедото на малата Тамара пукал врз Тодоров

Нападот на поранешниот министер го осудија двете најголеми политички партии ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, а изјава со осуда на нападот даде и новиот премиер Зоран Заев.

Дедото на починатата Тамара од Велес е лицето кое денеска пукало врз поранешниот министер за здравство Никола Тодоров.

Тодоров

Според првичните информации, Тодоров на влегување на скалите кога пристигнувал за да ја предаде функцијата на новиот министер Таравари, се поздравувал со снимателите кои чекале да влезат внатре и тогаш напаѓачот извадил пиштол и пукал директно во него.

Напаѓачот е веднаш уапсен и приведен во полициска станица.

Нападот на поранешниот министер го осудија двете најголеми политички партии ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, а изјава со осуда на нападот даде и новиот премиер Зоран Заев.

„Драго ми е што поранешниот министер е безбеден и сигурен, затоа што ние сме луѓе треба да си помагаме, не треба да испраќаме лоши пораки“, рече Заев.

ОХРИД 24

Facebooktwittergoogle_pluslinkedinmail

© Ohrid24.mk. Сите права се задржани.
Текстот не смее да се презема, во целина или во делови без договор со Ohrid24.mk