Со претставата „Багаж“ се отвори четвртото издание на „Вдиши театар“

На храбар и решителен начин младите упатија силна порака за љубов и простување и јасно кажаа не на примитивизмот, предрасудите, неправдата и пореметените морални и етички вредности.

Тесен беше просторот во предворјето на црквата Света Софија да ги собере сите оние кои вчера дојдоа да „вдишат театар“ и бидат дел од отворањето на Младински аматерски театарски фестивал „Вдиши театар“ кој во организација на Црвен крст Охрид по четврти пат, како предвесник на охридското културно лето, се реализира од 1-4 јуни во Охрид.

вдиши театар 1

Првиот ден од овој фестивал беше резервиран за младите талентирани актери од театарската група на Црвен крст Охрид кои премиерно ја изведооа претставата „Багаж“.

вдиши театар 2

вдиши театар 3

Под менторство на авторите на претставата Емилија Блажеска, Весна Терзиоска и Јованка Сион Доленц нашите актери на вешт начин ги пренесоа најчестите проблеми кои ги тиштат младите во Македонија и заради кои тие носејќи различен багаж и товар во својата душа, го напуштаат родниот град и татковината.

вдиши театар 4

На храбар и решителен начин младите упатија силна порака за љубов и простување и јасно кажаа не на примитивизмот, предрасудите, неправдата и пореметените морални и етички вредности.

вдиши театар 5

Втората вечер од театарскиот фестивал „Вдиши театар“, е резервиран за театарската група на Црвен крст Бар, Црна Гора кои вечерва, (2 јуни) во предворјето на црквата Св.Софија со почеток во 20:30 ч. ќе ја изведат театарската претстава „Разбуди се и биди тука“.

ОХРИД 24

Facebooktwittergoogle_pluslinkedinmail

© Ohrid24.mk. Сите права се задржани.
Текстот не смее да се презема, во целина или во делови без договор со Ohrid24.mk