Блескав настап на младите волонтери на Црвен крст Бар на „Вдиши театар“

Блескав настап на младите волонтери на Црвен крст Бар, Црна Гора на вториот ден од Младинскиот аматерски театарски фестивал „Вдиши театар“.

Тие вчера, на сцената во предворјето на црквата Света Софија ја изведоаа претставата „Разбуди се и биди тука“ преку која на сликовит начин ги истакнаа врсничкото насилство, дрогата и трговијата со луѓе, како најчести предизвици, проблеми и искушенија со кои се соочуваат младите и испратија силна порака за љубов, здравје, радост, среќа, насмевка, доверба како вистински смисол на животот.

Завршетокот на „Вдиши театар“ е резервиран за младите актери од театарската група на Црвен крст Крагуевац, Србија кои вечерва (3.6.2017) во предворјето на црквата Св.Софија, со почеток во 20 часот и 30 минути, ќе ја изведат театарската претстава „Руски рулет“.

настап 1

настап 2

настап 3

настап 4

настап 5

ОХРИД 24

Facebooktwittergoogle_pluslinkedinmail

© Ohrid24.mk. Сите права се задржани.
Текстот не смее да се презема, во целина или во делови без договор со Ohrid24.mk