Во Охрид ќе се промовира „Мултикултурна повеќејазична дигитална библиотека“

Во рамки на дигиталната библиотека ќе биде организиран и социјален форум во кој читателите ќе коментираат и отценуваат, а најдоброто дело ќе добие специјална награда: електронски читач – таблет.

Фондацијата „Македоника“ од Скопје, во петок, на 9-ти јуни во Охрид ќе го промовира проектот „Мултикултурна повеќејазична дигитална библиотека“. Промоцијата ќе се оддржи во порсториите на НУ Библиотека „Григор Прличев“- Охрид, а истата ќе започне во 19 часот.

Македоника фондација

Овој проект фондацијата „Македоника“ го организира во соработка и со финансиска поддршка на „Цивика Мобилитас“, а преку истиот во периодот од 12 месеци почнувајќи од 01.06.2017 до 31.05.2018 се очекува многу млади автори за прв пат да ги објават своите дела.

Можност да учествуваат во проектот имаат сите млади автори од етничките заедници во РМ и дијаспората. А жанрот со кој ќе се претстават не е ограничен, поезија, проза, драма.

Во рамки на дигиталната библиотека ќе биде организиран и социјален форум во кој читателите ќе коментираат и отценуваат, а најдоброто дело ќе добие специјална награда: електронски читач – таблет.

ОХРИД 24

Facebooktwittergoogle_pluslinkedinmail

© Ohrid24.mk. Сите права се задржани.
Текстот не смее да се презема, во целина или во делови без договор со Ohrid24.mk