Хан повторно го праќа Прибе со група експерти во Македонија

Еврокомесарот уште најавува соработка со новата влада, како и со опозицијата, со цел да се врати земјата назад на евроинтегративниот пат кој граѓаните го сакаат и го заслужуваат.

Еврокомесарот за соседска политика и преговори Јоханес Хан најави дека во Македонија повотрно ќе го испрати Рајнхард Прибе со група експерти за да ѝ помогнат на новата влада со совети околу системски прашања за владеење на правото.

Рајнхард Прибе

„Како дел од подготвеноста на ЕУ да соработува и да ја поддржува новата влада во нејзините реформски напори, повторно испраќам група независни експерти за владеење на правото, предводени од Рајнхард Прибе, пензиониран Директор во Европската комисија за да ѝ помогнат и да ја советуваат новата влада за системски прашања за владеење на правото. Оваа група ќе ги вклучува истите експерти кои го подготвија извештајот со препораките што се однесуваа на прислушуваните разговори во 2015 година. Нивната работа придонесе за изработка на Итните реформски приоритети, кои беа содржани и во Договорот од Пржино“, се наведува во писмената изјава од Хан.

Експертите, како што додава еврокомесарот, ќе ја посетата земјава наскоро за да изработат анализа на актуелната ситуација, дополнување на претходните заклучоци, како и препораки за решавање на проблемите во однос на системските прашања за владеење на правото, во поднос на кои во изминатите години имаше назадување.

Хан побарал од евроамбасадорот во Македонија со новата влада да разговара за пошироки приоритети во однос на реформите неопходни за приближување кон ЕУ, со конкретни резултати рокови, но и како ЕУ може да обезбеди помош и совет за овие реформи.

Еврокомесарот уште најавува соработка со новата влада, како и со опозицијата, со цел да се врати земјата назад на евроинтегративниот пат кој граѓаните го сакаат и го заслужуваат.

ОХРИД 24

Facebooktwittergoogle_pluslinkedinmail

© Ohrid24.mk. Сите права се задржани.
Текстот не смее да се презема, во целина или во делови без договор со Ohrid24.mk