ФОТО: Трофејот на УЕФА Супер Купот „гостуваше“ во Охрид

Престижниот трофеј од УЕФА Супер Купот во фудбал, денеска беше изложен за спортските љубопитници на стадионот „Атина Бојаџи“ во Охрид.

Охриѓани имаа можност да направат фотографија за спомен со трофејот, пред одигрувањето на финалето од Супер Купот, кое е закажано за 8 август 2017 година, на Телеком арената во Скопје, каде силите ќе ги одмерат освојувачот на Лигата на шампионите Реал Мадрид со првакот од Европа лигата Манчестер Јунајтед.

Денешниот настан беше организиран од страна на Фудбалската федерација на Македонија и Општинскиот фудбалски сојуз Охрид.

Супер Куп трофеј 1

Супер Куп трофеј 2

Стари, млади, со и без дресови, сите чекаат за фотка со трофејот

Супер Куп трофеј 3

Некои од фудбалските навивачи си понесоа и знаме од омилениот клуб

Супер Куп трофеј 4

ОХРИД 24

Facebooktwittergoogle_pluslinkedinmail

© Ohrid24.mk. Сите права се задржани.
Текстот не смее да се презема, во целина или во делови без договор со Ohrid24.mk